„Денес требаше да уживаме на некоја плажа во Бали, а останавме на аеродром во Истанбул“, сведоштво на Македонка која доживеала вистинска голгота
Македонката Софија Митева на Инстаграм објави сведоштво како наместо на Бали, заврши на аеродром во Истанбул. Таа преку својата објава ги предупреди сите оние кои сакаат да патуваат во некоја егзотична или подалечна дестинација преку агенциите да бидат многу внимателни за да не завршат на аеродром без право да се качат во авионот со кој требало да стигнат на посакуваната дестинација.
„Денес требаше да уживаме на некоја плажа во Бали но за жал поради лошата организација на jungle tribe тоа не е возможно!!! Се започна вака наши најблиски, драги сограѓани и идни патувачи: Се собравме на аеродромот Никола Тесла во Србија каде што требаше да летаме до Истанбул и од таму за Бали, стигневаме до Истанбул и на чекирање за Бали ни викат мене и другарка ми дека за ПАТНИЦИТЕ од МАКЕДОНИЈА е потребно ВИЗА!!!, и ние тука убаво им објаснуваме дека сме преку агенција, дека сме група и дека визата е upon arrivel односно кога стигаме во Бали ни ја издават визата од таму. Девојката ни објаснува дека не сме во право и дека без виза не смееме да се качиме во авионот, од тука ја бараме водичката Јелена која требаше да биде со нас на патувањето и она доаѓа и им објаснува дека не се во право и дека сака да зборува со некој по надлежен. Надлежниот и покажува на компјутерот дека не е во право дека македонските државјани мораат да имаат виза. Се јавува Јелена до агенцијата и овие едвај да реагираат, ни дава Јелена број од некоја вработена и од газдава и си заминува со групата за Бали а нас не остава апсолутно САМИ да се снаоѓаме без никави инструкции!!! (замислете да не знаевме англиски). Ние одморот за Бали го планиравме 6 месеци однапред. Уредно напишавме меил каде што прашуваме каква виза е потребна за нас, а вработена од агенцијата Јungle Tribe ни одговара upon arrival (имате доказ во следните сториња).
Притоа, бевме во транзит зона на аеродромот во Истанбул, не сакаа да ни ги дадат куферите, немаше слободни места за ниту еден лет за Белград, и ќе напоменам, сите овие информации ние ги ‘собиравме’ САМИ. Во меѓувреме, на boarding pass, вработените ни кажаа дека ова НЕ И Е ПРВ СЛУЧАЈ НА АГЕНЦИЈАТА СО ТУРИСТИ ОД МАКЕДОНИЈА, а кои и самата водичка претходно ни потврди дека ова веќе и се има дешавано на повеќе граѓани од Македонија (можеби ќе се пронајдат).
30 часа не спиени, уморни, без никаква помош, единствено нешто што сопственикот на агенцијата (кого што го добивме преку Whatsapp) беше да ни ја побара комуникацијата преку маил, односно сите меилови помеѓу нас и нивните вработени.
На крај ни кажа дека е наша вина бидејќи не сме навеле дека сме од Македонија! Испративме ПАСОШ! Ни изработија “f-ru za inostranstvu”.
Дотичниот ,наместо барем да обезбеди безбедно враќање во Белград не убедуваше како е ова наша грешка.
Ние сме биле крви зошто до последен момент требало да се информираме за Бали бидејки законите се менеле. Еве јас ве прашувам ВАС, СИТЕ ВИЕ КОИ ЧИТАТЕ, кога уплаќате толку пари на агенција за патување вие си вадите сами визи или агенцијата е задолжена за тоа? Ако грешам поправете ме.
Но! Нели тргнавме на патување, во ноември на егзотична дестинација, зошто да се откажеме? Ајде барем дајте друга дестинација. Македонче, дај шта даш. Во тој момент тоа ни беше најлогично, иако сега со ладна глава – човече кој е тој што за мои пари и мое време ќе ме пренасочува на друга дестинација заради НИВНА ГРЕШКА?! Не лажеа до денес 18.11 дека ќе ни рефундираат ДЕЛ од средствата или ќе ни понудат со сигурност нешто друго. Ни рефундираат помалку од пола сума, и не испраќаат на дестинација на 28.11 иако им беше кажано дека одморот ни трае до 30.11. Таман за еден круг со авион, два дена! Плус да доплатиме уште толку.
Стресот, нервозите, скршените планови, слободните денови и се друго ние не можеме да Ви го доловиме во овој пост. Но луѓе, ние, а верувам и повеќето од нас штедиме пари цела година за да одиме на одмор, плаќаме преку агенција за сигурност, и на крај добиваме meil, каде што нив им е “ЖАО”, АМА не ви враќаме ништо што со закон Ви следува.
Тука ќе настапат адвокатите и приказнава за Jungle Tribe i Celi Svet ,ќе ја прошириме баш по “цели свет”, сега нели имаме време 12 дена, наместо да се сончаме под некои палми за кои што пак ќе напоменам уредно си ги подмиривме трошоците.
Летови за Белград немаше, едвај го фативме и го преплативме утринскиот што не врати до Скопје. Многу од Вас ќе ги интересира зошто не резервиравме од Македонија – не ја работеа таа дестинација, така ни кажаа во агенцијата.
Ова не се само две девојки што сакале да го посетат Бали, ние сме две девојки што сме работеле чесно, сме заштедиле, и на крај од нас беше одземено се што вложивме во ова патување.
Го пишуваме овој пост за да дознаат што повеќе луѓе, за да не се случува ова повеќе на наши сограѓани
Ве замолуваме вие што читате, што знаете некој што сака или планира да патува со оваа агенција го споделите овој пост, за да не се дешава ова повеќе и ако самата агенција го чита ова (ако не не има блокирано од секаде) да се научи да превзема одговорност а не да се вади од истата“, стои во објавата.
View this post on Instagram