Скопје

Блокиран буџетот на Град Скопје, Данела ги ублажи нападите кон Мицкоски

Блокиран е буџетот на Град Скопје. Тој не може да се вчита во Министерството за финансии. Според Данела Арсовска, причина за блокираниот буџет е последица на амандманите кои се поднесени од советниците на ВМРО-ДПМНЕ. Арсовска гледа дека амандманите се желба на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. За разлика од претходни обраќања, таа сега не го нарече „шпицен“ ниту пак, ја употреби фразата „рачињата во медот“. Напротив, побара конструктивна соработка.

„Денеска се случи она за што предупредувавме минатата недела. Нестручните и несериозни амандмани на ребаланс поднесени од ВМРО-ДПМНЕ го блокираа градскиот буџет. Добивме и потврда од Министерството за финансии, дека поради ова не може да се вчита буџетот. Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ има единствена цел, блокирање на Град Скопје. Благодарение на овие нестручни аманднамни, ФК Вардар нема да добие поддршка која ја очекува, ниту граѓаните ќе добијат помош, ниту скојани ќе добијат нови сандаци во ек на сезоната за садење“, кажа Данела Арсовска.

Ова ќе значи дека нема да можат да се градат улици низ скопските општини. Посочи дека мора да се реализира програмата.

„Барам свикување на итна седница за блокадата на Град Скопје“, додаде таа.

На почеток