Се собираат потписи за враќање на АД за производство, пренос и дистрибуција на електрична енергија во државна сопственост
Од денеска (понеделник) се собираат потписи за распишување на РЕФЕРЕНДУМ за поднесена иницијатива за донесување на Закон за поништување на „ЗАКОН ЗА ПРЕОБРАЗБА НА ЕЛЕКТРОСТОПАНСТВО НА МАКЕДОНИЈА АКЦИОНЕРСКО ДРУШТВО ЗА ПРОИЗВОДСТВО, ПРЕНОС ИД ИСТРИБУЦИЈА НА ЕЛЕКТРИЧНА ЕНЕРГИЈА ВО ДРЖАВНА СОПСТВЕНОСТ“ објавен во Службен весник бр:19/2004 од 30.03.2004 година, и влезен во сила на 07.04.2004 година, СО ЦЕЛ враќање во ДРЖАВНА СОПСТВЕНОТ !!!. – информира преку Фејсбук Ѓорѓи Манасков, претседател на Стопанската комора за енергетика на Македонија.
Периодот за собирање на потписите:
започнува од 08:00 часот и ќе трае до крајот на работното време до 16:00 часот, во Подрачните Единици на ДИК (Државна Изборна Комисија) во следните општини:
ПЕ Центар – Скопје
ПЕ Кисела Вода
ПЕ Карпош
ПЕ Куманово
ПЕ Гостивар
ПЕ Битола
ПЕ Тетово
ПЕ Велес
ПЕ Прилеп
Сите заинтересирани можат да се потпишат „ЗА“ враќање на електродистрибутивниот систем во државна сопственост и ПОНИШТУВАЊЕ на законот од 2004 за преобразба на ЕСМ и приватизирање !!!