Актуелно

Путин потпиша нов закон за руските доброволци во конфликтот во Украина

Рускиот претседател Владимир Путин денеска потпиша нов закон со кој руските доброволци кои учествуваат во конфликтот во Украина ќе добијат статус на воени ветерани.

Според новиот закон, Русите кои се мобилизирани „да им помагаат на мисиите на вооружените сили на Русија за време на специјалната воена операција во Украина“, исто така ќе добијат статус на воени ветерани и воени ветерани инвалиди, објави Кремљ.

Борците и нивните семејства ќе добијат голем број бенефиции и мерки за социјална помош. Законот беше одобрен од Советот на Федерацијата, Горниот дом на рускиот парламент, на 16 ноември. Денес, кога Путин го потпиша, тој и формално стапи во сила.

Да потсетиме, за време на мобилизацијата што траеше од 21 септември до 28 октомври, Русија мобилизираше околу 300.000 војници. Путин претходно овој месец изјави дека околу 80.000 нови регрути биле испратени во Украина, додека околу 50.000 од нив биле вклучени во борбени операции. Според Кремљ, Москва нема планови за дополнителна мобилизација на војници.

На почеток