Магазин

(ФОТО) Најпосакуваниот Италијанец покажа како мажите носат халтери

Победниците на Евровизија – групата „Манескин“ неодамна се појави на 50. доделување на музичките награди во Лос Анџелес.

Таа вечер имаа и причина за славење, бидејќи омилената евровизиска група ја доби наградата за најдобра рок песна – „Бегин“. По тој повод, членовите на бендот прошетаа на црвениот тепих во неконвенционални комбинации, а вниманието на јавноста и на сите присутни го привлекоа халтери што ги носеа.

Се чини дека ова беше главниот детал од нивниот моден избор, а мораме да признаеме дека тоа беше многу смело од нив, особено од водечкиот пејач Дaмијанo Дaвид.

На почеток