(ФОТО) Реакции под фотографиите на Никол Кидман: „Скандалозно, што поддржуваш“
Луксузниот бренд Balenciaga ја претстави кампањата за пролет 2023, секако истакнувајќи ја својата модна линија, но и Никол Кидман како најново лице.
Обележувајќи нова ера во понудата за конфекцијата за носење на Balenciaga, кампањата го „фрла“ акцентот на јакните, фустаните, панталоните, комбинирајќи возвишени кроеви со остри завршетоци.
Во работна средина, Кидман на едната слика позира во кожен крок капут, додека на друга седи во фустан со реси.
Кампањата предизвика буквален бес на мрежите и многумина ја критикуваа.
Имено, поради рекламата на Баленсијага во која децата држат плишани животни облечени во синџири и кожни ремени, мрежите горат. Многумина се прашуваат како актерката, но и останатите учесници во кампањата, не реагирале поради сето тоа.
I thought people were trolling, but nope. It’s real. Maybe this is why Balenciaga left Twitter. They don’t want to be held accountable. Yes, these are children holding teddy bears dressed in bondage outfits. pic.twitter.com/zBlACUiZjo
— Sav! (@thisissavvy1) November 21, 2022
На нејзиниот профил ретко кој се осврна на самиот моден потфат, па повеќето и пишаа и прашаа „што поддржува“:
„Не, Balenciaga! Зарем не слушнала за најновите фотографии со детето?“, „Многу сум изненадена што досега не сте ги замолиле да ви ги повлечат сликите, бидејќи тие очигледно ја туркаат сексуализацијата со децата во нивниот последен маркетинг“, стои во коментарите под фотографијата.