Македонија

Се преврте возило на патот Скопје-Тетово, возачот со тешки телесни повреди

На 11.01.2019 година околу 17,30 часот било пријавено дека на автопатот Скопје-Тетово, во близина на клучка Кондово, патничко моторно возило “БМВ“, управувано од В.М. (43) од Тетово, удрило во металните одбојници и се превртело.

Возачот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани од страна на лекар од Комплексот клиники “Мајка Тереза“.

Од страна на увидна екипа од СВР-Скопје бил изршен увид на местото на настанот.

На почеток