Крај на една ера – Алесандро Микеле го напушта Гучи
Креативниот директор на модната куќа Гучи, Алесандро Микеле, решил да ја напушти компанијата по 20 години поминати таму, соопшти матичната компанија Керинг.
Алесандро ова го објави на својот Инстаграм профил.
„Постојат моменти кога патиштата се разминуваат поради различните перспективи што ги има секој од нас. Денеска завршува едно несекојдневно патување за мене, кое трае повеќе од дваесет години, во друштво на кое неуморно ја посветував сета моја љубов и креативност,страст. Во овој долг период Гучи беше мојот дом, моето посвоено семејство. На ова пошироко семејство, на сите поединци кои се грижеа и ја поддржуваа, упатувам најискрена благодарност, мојата најголема и најсрдечна прегратка. Заедно со нив посакав, сонував, фантазирав. Без нив ништо од она што сум го направил не би било можно. Им ги испраќам моите најискрени желби: да продолжат да ги негуваат своите соништа, суптилноста и нематеријалноста што го прави животот вреден за живеење. Продолжете да се негувате со поетски и инклузивни слики, останувајќи верни на вашите вредности. Секогаш живејте со своите страсти, водени од ветрот на слободата“, гласеше емотивната порака на Алесандро што ја сподели на својот Инстаграм профил.
View this post on Instagram