Магазин

(ФОТО) Бразилската манекенка направи хаос на трибините

И покрај тоа што тимот на нејзиниот вереник загуби од Јапонија, поранешниот ангел на Викторија одлично се забавуваше на трибините.

Бразилската манекенка Изабел Голар (38) важи за една од најубавите жени на светот, а веќе подолго време е во хармонична врска со германскиот голман Кевин Трап.

Изабел беше фотографирана на Светското првенство во Катар на трибините и во таа прилика облече дрес со презимето на нејзиниот вереник.

Целиот нејзин изглед доби модерна нота, бидејќи дресот го врза со ремен и се зави во бело палто.

Да потсетиме, во 2017 година магазинот People ја прогласи за една од 100-те најубави луѓе на светот, а соработката со познати модни брендови и донесе милиони. Таа е во врска со германскиот голман Кевин Трап од 2015 година, а се верија во 2018 година.

Foto: Profimedia

На почеток