Магазин

Сопругата на катарскиот шеик најдобро облечена во светот: Има седум докторати и седум деца

Сопругата на катарскиот шеик Хамад Калифа Ал Тани, Моза бин Насер важи за една од најдобро облечените жени во светот.

Покрај добриот моден вкус, таа има и завидно образование, а нејзината ангажирана работа во областа на образованието доведе до тоа оваа жена да има седум почесни докторати, пренесуваат медиумите.

Моза (63) се омажила на 18 години и тогаш, во 1977 година, била студентка на Универзитетот во Катар, а титулата дипломиран социолог ја добила девет години по бракот.

58-годишната дама е една од трите сопруги на поранешниот емир на Катар, шеикот Хамад бин Калифа ал Тани, и мајка на седум негови деца, меѓу кои и моменталниот емир на Катар, Тамим бин Хамад ал Тани. И покрај тоа што нејзиниот сопруг се откажа од престолот во интерес на својот син, шеика Моза останува заштитен знак на Катар и една од највлијателните жени на Блискиот Исток и светот.

Таа во фустан од Прада присуствуваше на отворањето на Светското првенство во фудбал, посакувајќи им на сите среќа и успех.

Дека Моза ги поместува границите на модата во арапскиот свет сведочи и нејзиниот прием во Меѓународната куќа на најдобро облечените жени во светот во 2015 година.

Нејзиниот стил се карактеризира со елегантни турбани како алтернатива на хиџабот, па со текот на времето тие станаа нејзин заштитен знак, проследени со интензивни бои, беспрекорна елеганција и скапи брендови како Шанел, Диор, Гучи и други.

На почеток