Свет

Тоа што Европа бара од нас да го признаеме Косово е многу потешко од санкциите против Русија, вели Вучиќ

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, и’ се обрати на јавноста во врска со договорот меѓу Белград и Приштина за регистарските таблички.

Српскиот претседател рече дека договорот за табличките е мала тактичка победа, но Србија ја очекуваат тешки времиња.

„Ситуацијата со Србите на Косово буквално зоврива. На луѓето им е преку глава од терор. Јас сум благодарен на нашиот народ кој го издржа сиот тој терор и кој по 23 години ги чува своите огништа и се бори“, рече тој.

Додаде дека Европа бара од Србија да го признае Косово, но Белград нема да се согласи на тоа.

„Не знам зошто се крие. Тоа што ЕП бара од нас да го признаеме Косово е многу потешко од санкциите против Русија. Препораките на Европскиот парламент велат дека мора да ја признаеме независноста на Косово, но тие тоа го криеја. Од нас бараат заемно признавање. Дури и да воведеме санкции кон Русија, тие би рекле дека е убаво што сме го направиле тоа, но утре ќе излезеа со нова резолуција. Јас сум доволно искусен, јас сум политички ветеран. Синоќа разговарав со Брисел 50 пати. Не бев особено вознемирен од нивните препораки. Ние не сме заинтересирани за заемно признавање со Приштина“, рече Вучиќ.

На почеток