Свет

„Украина да направи отстапки за да се стави крај на војната“, вели Папата

Украинските лидери ќе мора да бидат далекувиди за да обезбедат мир, изјави денеска папата Франциско.

Папата претходно овој месец повика на прекин на огнот за да се спречи ризикот од ескалација на конфликтот и побара од Бога да побрза да го прекине, објави Ројтерс.

Во отвореното писмо објавено по повод девет месеци од рускиот напад, папата Франциско ја истакна силата на Украинците пред нападот.

Светот препозна храбра и силна нација, народ кој страда и се моли, плаче и се бори, се противи и се надева: благородна и маченичка нација, напиша Папата и додаде дека се моли за украинските лидери.

„Тие имаат должност да управуваат со земјата во трагични времиња и да донесуваат далекусежни одлуки за мир и економски развој за време на уништувањето на толку многу витална инфраструктура“, рече папата, сугерирајќи дека Киев ќе мора да направи отстапки за да ја заврши војната со Русија.

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, минатата недела изјави дека Украина е подготвена за мир, но само според нејзините услови, врз основа на кои ќе биде обновена целата окупирана територија.

Во интервју објавено минатата недела, папата Франциско рече дека Ватикан е подготвен да направи се што е можно за да посредува и да стави крај на војната.

На почеток