Актуелно

„Скапо не чини помошта за Украина“, вели Столтенберг

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг призна дека поддршката на Украина во актуелниот конфликт скапо ги чини западните земји.

Сепак, тој посочи дека е неопходно да се „одржи и зголеми“ помошта за Киев.

„Зголемените сметки за храна и енергија значат тешки времиња за многу домаќинства во Европа“, рече Столтенберг во интервју за германскиот весник Velt am Sonntag.

Сепак, додаде тој, неопходно е да се продолжи со поддршката на Киев. Во овој контекст, генералниот секретар на Северноатлантската алијанса високо ги ценеше испораките на оружје од Берлин за Украина.

„Одлучната поддршка на Германија е клучна“, тврди Столтенберг, а пренесува Спутник.

„Сите ние треба да ја зголемиме нашата помош за Украина. Ова ќе им помогне на Украинците да го одбранат своето право на самоодбрана“, посочи тој.

Во исто време, генералниот секретар на НАТО истакна дека „позицијата на Украина на преговарачката маса може да се зајакне доколку и се обезбеди воена помош“.

„Најдобар начин да се поддржи мирот е да се поддржи Украина“, рече тој.

На почеток