Усвоена е Информација за спроведување јавна набавка за реконструкција на објектот на ООУ „Браќа Миладиновци“ и во ООУ „Крсте Петков Мисирков“ во Куманово
Од
Објавено на
На оваа седница Владата на предлог на Министерството за образование и наука ја разгледа и усвои Информација за спроведување повеќегодишна јавна набавка за изведување на градежни работи за реконструкција на објектот на ООУ „Браќа Миладиновци“ и на ООУ „Крсте Петков Мисирков“ – Општина Куманово, како и услуги за вршење на стручно-технички надзор врз реконструкција.
Притоа беше задолжено Министерството за образование и наука да ја спроведе постапката за проектот кој предвидува замена на стар и дотраен кровен покривач со енергетски ефикасен покрив. Предвидена е и внатрешна замена на стари и дотраени материјали.