Бил Клинтон е позитивен на Ковид

Од
Објавено на

Поранешниот американски претседател Бил Клинтон објави дека е позитивен на тестот за Ковид и дека боледува од „благи симптоми“.
„Имам благи симптоми, но генерално сум добро и дома“, напиша на Твитер 76-годишниот демократ, кој служеше во Белата куќа од 1993 до 2001 година.
Среќен сум што се вакцинирав и што го добив бустерот“, додаде тој и ги повика „сите да го прават истото, особено што се ближи зимата“.
