Каде ќе бидат блокадите: Приватните превозници утре од 6 часот наутро со 200 автобуси ќе блокираат во Скопје
Од
Објавено на
Приватните превозници утре од 6 часот наутро со 200 автобуси ќе го блокираат булеварот Илинден од пред Владата до крстосницата кај МИ-ДА. На тој потег се наоѓа седиштето на Град Скопје.
Приватните автобуси од „Слобода превоз“ и „Макекспрес“ кои беа дел од јавниот превоз во главниот град утре ќе го блокираат сообраќајот на десната лента од Илинденска, најави директорот на „Слобода превоз“, Ленин Јовановски на прес-конференција.
Доколку и во меѓувреме нема резултати, за в понеделник најавуваат дека ќе бидат блокирани крстосниците кај Мавровка, Црвен Крст и ул. „Илинденска“.