Свет

Еди Рама: Границата со Косово, по принцип на Шенген на пролет ќе биде отворена

Границата со Косово, по принцип на Шенген на пролет ќе биде отворена, најави албанскиот премиер Еди Рама.

„Она што ќе го направиме е многу едноставно. Презедовме цел Шенгенски систем преведен од почеток до крај. Со многу детали меѓу Министерството за внатрешни работи на Албанија и Министерството за внатрешни работи на Косово за да се гарантираат сите безбедносни параметри и слобода на 7движење, не доведувајќи во прашање кои било загарантирани стандарди кои ние ги даваме како држава која има корист од либерализација на визен режим“, изјави Рама.

Тоа го нагласи на традиционален прием за акредитирани дипломати во Тирана, на кои присуствуваа амбасадорите на Србија и Русија.

Рама додаде дека од амбасадорите очекува како што вели „да не ја уништуваат сликата на овој чин на рециклирање на остатокот на националниот фолклор од минатото“.

Претходно Рама изјави дека по прнципот на Шенген посакува граници и со Македонија и Грција.

 

 

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток