Свет

Вучиќ најави зголемување на санкциите за кривични дела и воведување на доживотна казна затвор

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ на денешната седница на Советот за национална безбедност најави заострување на санкциите за кривични дела и воведување доживотна казна затвор за најтешките дела.

„Воведуваме доживотна казна затвор за оние кои ги сториле најтешките кривични дела како убиство на дете“, изјави Вучиќ.

Како што изјави тој за силување казната нема да биде од 3 до 12 години, туку од 5 до 15 години, без можност за намалување на истата.

„Минималната казна од 6 месеци за семејно насилство ќе биде зголемена на една година“, изјави тој.

Кампањата за доживотен затвор веќе две години ја води фондацијата на Тијана Јуриќ , со која раководи нејзиниот татко Игор , откако во 2014 исчезна неговата 15 годишна ќерка, која по 12 дена беше најдена мртва на депонија.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток