Наместо тајни средби за тендери, Арсовска и Ковачевски нека го прифатат предлогот на Мицкоски за решавање на проблемот со јавниот превоз, порача опозицијата
Од
Објавено на
„Додека траат тајните средби Арсовска Ковачевски, јавниот превоз крахира, а скопјани се нервозни“, вели ВМРО-ДПМНЕ и додава:
Прашањето е зошто Арсовска која вклучила договор за нафта со омилениот пратеник на власта на Ковачевски не побарала попуст, каков имале сите претходни договори уште од времето на Костовски, Трајановски и Шилегов.
Со тие 900 илјади евра годишно кои Арсовска не ги побарала можеше да се реши проблемот со долгот кон превозниците. Сега тие пари завршуваат во нечиј џеб.
Затоа Ковачевски и Арсовска нека го прифатат предлогот на Мицкоски за да има јавен превоз.