Скопскиот трговски центар се огаласи за вооружениот грабеж: Безбедносните камери ги лоцираат ограбувачите
„Утрово во вооружен грабеж се обиени банкоматите пред Point Retail Park со користење за нас непознати средства.
За време на настанот обезбедувањето постапило според процедурите и претходно дадените упатства, кои се применуваат во вакви случаеви“, велат од управата на Point Retail Park.
Тие додаваат:
Никој од вработените не е повреден, ниту за време на настанот имало надворешни клиенти на трговскиот центар.
Банкоматите се во сопственост на 4 деловни банки сместени во метален објект во сопственост на Point Retail Park и истиот е разнесен а причинета е материјална штета.
Безбедносните камери јасно ги лоцираат ограбувачите и очекуваме брзо разрешување на овој немил настан.
Благодариме на службите на МВР и ЈО кои веднаш излегоа на местото на настанот и преземаа професионални оперативни мерки за откривање на сторителот на овој немил настан.
Ја известуваме јавноста дека Point Retail Park продолжува со редовна и непречена работа. Благодариме на медиумите кои известија професионално за настанот.