Македонија

Службен џип на Дебрца удрил во трактор, пред влезот во Охрид

Советник на градоначалникот на Дебрца со службен џип удрил во трактор на патот пред влез во Охрид.

Сообраќајката се случила на патот пред Охрид вечерва кога општинскиот џип хонда удрил одзади во трактор со неосветлена приколка.

Во несреќата нема повредени, но има предизвикана материјална штета. Парчиња од приколката и од автомобилот по сударот беа на коловозот додека полицијата вршеше увид.

Жители на Дебарца кои ја контактираа Телма се прашуваа зошто службениот џип се користел надвор од работно време на општината пред утрешниот неработен празничен ден и кој ќе ја плати штетата од сообраќајката.

На почеток