Свет

(ФОТО) Експлозија на цистерна во Нигерија, загинаа 60 лица

Најмалку 12 лица загинаа во експлозија на цистерна која пренесувала нафта во Нигерија, соопштува полицијата. Најмалку 22 лица се со тешки изгореници и истите се хоспитализирани.

Експлозијата се случила кога повеќе лица се собрале околу превртената цистерна со цел да ја соберат нафтата.

Сведоците велат дека има и до 60 загинати лица.

„Полицијата пронајде неколку тела, а голем дел од нив се изгорени“, изјави еден од сведоците

Експлозијата најверојатно била предизвикана од електричен генератор кој бил користен да испумпување на горивото. Се уште нема информации зошто цистерната се превртела.

Нигерија е еден од најголемите произведувачи на нафта, а во слични несреќи во изминатите години животот го загубија над сто лица.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток