Свет

Спасени пет деца во Банско, возеле надвор од скијачките стази

Во ски центарот Банско во Бугарија се спасени 5 деца од Србија на возраст од 12 до 15 години, кои возеле сноуборди надвор од скијачките стази.

Бугарското национално радио објави дека седум припадници на службите за спасување одговориле на повикот за помош кој децата го испратиле вчера околу 4 часот.

Според информациите децата се во добра здравствена состојба, без сериозни повреди, но биле исплашни поради тоа што им се случило.

На тој предел пред неколку дена беа пронајдени две лица кои исто така возеле сноуборди надвор од скијачките стази.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток