Свет

(ВИДЕО и ФОТО) Се запали автобус кој превезувал хрватски ученици во тунел во Швајцарија

Денес во Швајцарија се случи несреќа во која целосно изгоре автобус кој пренесувал средношколци од Сплит.

Сите ученици на време излегле од автобусот и за среќа никој не е повреден.

Автобусот се запалил и изгорел во тунел. Учениците во Швајцарија биле на скијање седум дена и денес тие се враќале кон Сплит.

Според наводите на еден родител на многу ученици од автобусот им изгореле документите, па и мобилните телефони, така што не успеале да јават што им се случило, а на некои им изгореле куферите со облека.

„Ми се јави синот по оваа несреќа и веднаш нагласи дека сите се добро. Сепак, првиот час време поминав во страв, зошто не знаев никакви детали, а после еден час, едвај успеав да го добијам синот“, раскажа еден од родителите.

„Сите ученици сега се наоѓаат во пожарникарскиот дом во близина на тунелот во кој се случи несреќата. Сите се на сигурно и на топло“, соопштија швајцарските власти.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток