Празничен скандал ја тресе Академијата за судии и обвинители!
Ниту поштата залутала, ниту адресата на која кандидатурата била испратена е згрешена. Ниту едно оправдување на Академијата за судии и јавни обвинители за тоа зошто во последен момент ја добиле кандидатурата на судијата Андреј Димовски не е оправдано.
„А1он“ утврди дека Академијата си ја променила адресата на седиште на нивниот официјален веб сајт пред два дена. Ова значи дека погрешна адреса стоела на сајтот додека се примале кандидатури, а точната адреса е внесена по завршување на рокот за примање кандидатури.
На официјалниот сајт на Академијата (jpacademy.gov.mk), кој е регистриран на име на јавната установа, сега стои дека е лоцирана на адреса „Јане Сандански 12, 1000 Скопје“.
Архивата на промени од „Гугл“, која ја користеше „А1он“ во текот на проверката, покажа дека до вторникот односно 6-ти декември, на сајтот била впишана адресата „Јане Сандански, 2, 1000 Скопје“. Оваа адреса е грешна. Периодот во кој стои оваа адреса е истиот во кој е активен огласот за кандидатури за директор на Академијата.
Повеќе на А1он.мк