Скопје

(ВИДЕО) Повеќе автобуси од луѓе: Кој блокира во Скопје, автобусите или превозниците?!

Протест и блокади можат да се организираат само ако се соберат повеќе од 20 граѓани, превидува Законот за јавни собири по кој постапува Министерството за внатрешни работи. Согласно овој закон, на секоја од блокираните крстосници или булевари, во случајов од приватните превозници, мора да има 20 лица.

„Под јавни собири на повеќе од 20 граѓани, во смисла на овој закон, се сметаат собирање на отворен или затворен простор заради остварување на забавни, културни, верски, хуманитарни, социјални, политички, економски, спортски или слични интереси на граѓаните, организирани заради јавно изразување на мислење или протес“, стои во Законот за јавни собири, односно членот 2.

„Скопје1“ направи обиколка на булеварот „Илинденска“, а таму, повеќе автобуси отколку граѓани. Во автобусите, можеше да се види по некој граѓанин, седнат на седиштата. Но и тоа беше реткост. Не забележавме 20 лица, што може да се види и од снимката, но паркирани беа над 20 автобуси. Сепак, тоа не е доволно, според законот, за овој протест да биде законски, ако се има во предвид условот од членот 2.

Досега имаше барања МВР да постапи согласно законските надлежности да ги тргне блокадите, бидејќи нема услови за одржување на протест со оглед на присутниот број граѓани. Се повеќе коментари има на социјалните мрежи со прашања: „Протестираат автобуските превозници или автобусите?“.

Проф. д-р Лазар Јовевски од Правниот факултет посочи дека блокадите се спротивни на закон и образложи зошто.

„Јас не знам дали Ленин е близок со „Овој“ или „Оној“, ниту пак ме интересира, ниту знам дали Данела е суетна, или е многу фина, но и тоа не ме интересира, ниту пак сакам да знам кој повеќе вреќи сол може да изеде!? Но две работи знам! Правото на протест (кое е уставно гарантирано право) на граѓаните не може да го ограничува правото на слобода на движење (кое исто така е уставно загарантирано право) на граѓаните! И второ, согласно Законот за јавни собири, МВР има право да го забрани или ограничи правото на протест ако се исполнети одредени услови. Во овој случај условите се исполнети, а тоа е повреда на правата и интересите на поголема група на граѓани. Логично, се поставува прашањето зошто МВР ништо не презема??? Кој ќе ја нодмести штетата согласно членот 7 од Законот? Зошто согласно членот 4 не се гарантира нормално одвивање на сообраќајот? Одговорот нека го бара секој од вас, но тоа што загрижува е дека овој начин на нефункционирање на системот е на штета на секој граѓанин и не е согласно Македонската мера на граѓанско живеење! Не може правото на еден да биде неправо за друг!“, напиша тој.

Од утре, останува блокирана само Илинденска и влезот во бараките на Град Скопје.

На почеток