Свет

„Ситуацијата се промени“, вели Пентагон

Соединетите Американски Држави повеќе не инсистираат Киев да не гаѓа руска територија, пишува „Тајмс“.

Повикувајќи се на извор во Пентагон, весникот наведува дека во Америка се уште ги имаат истите оценки во однос на ескалацијата на ситуацијата, но дека стравот од тоа повеќе не е ист како на почетокот на конфликтот.

„Ситуацијата се промени“, наведуваат во Пентагон и додаваат дека Вашингтон сега помалку се плаши дека нападите на украинската армија на руска територија ќе ја поттикнат Москва на драстично ескалирање.

На почеток