Украински воздухопловни сили: Уништивме 10 беспилотни летала камикази

Од
Објавено на

Украинската армија собори 10 беспилотни летала Шахед-136 и Шахед-131 од иранско производство над регионите Керсон, Миколаев и Одеса, пишува Киев Индипендент, повикувајќи се на украинските воздухопловни сили.
На јужните и источните територии на Украина е активирано предупредување за воздушна закана, соопшти украинското Министерство за дигитална трансформација.
Сирените беа активирани во регионите Кировохрад, Николаев, Одеса, Полтава, Черкаси, Днепропетровск, како и во делови од регионите Запорожје и Керсон кои се под контрола на силите на Киев.
