Актуелно

Небензја: Земјите кои доставуваат оружје за Киев ќе се соочат со правни последици

Земјите кои доставуваат оружје за Киев и им помагаат на украинските вооружени сили ќе се соочат со конкретни правни последици, изјави за време на седницата на Советот за безбедност, постојаниот претставник на Руската Федерација во ОН Василиј Небензја.

„Совесно ги регистрираме сите такви криминални дејствија на САД и нивните сојузници и тие ќе се соочат со конкретни правни последици за она што го прават“, рече Небензја, пренесува Тас.

Рускиот претставник во ОН рече и дека Москва ги следи и уништува таквите воени пратки.

„Бидејќи количината на оружје во западните магацини е намалена, Вашингтон и неговите сојузници неодамна се обидуваат активно да соработуваат со трети земји, купувајќи оружје и воена опрема од нив и испраќајќи ги во Украина“, рече рускиот дипломат и потсети дека неговите наводи неодамна ги призна и министерот за надворешни работи на Украина Дмитро Кулеба.

Небензја истакна дека украинските вооружени сили се обидуваат буквално да го уништат Доњецк со западно оружје.

„Во текот на целата минатата недела во Доњецк се случуваше вистински масакр со западно оружје. Со поддршка на западните земји, украинските сили се обидуваат буквално да го срамнат градот (Доњецк)“, рече Небензја.

Седницата на Советот за безбедност на ОН се одржа на барање на Русија со цел да се разговара за испорака на западно оружје во Украина.

На почеток