Магазин

Apple ги зголемува цените на апликациите во App Store

Apple одлучи да им понуди на девелоперите повеќе опции за одредеување на цените на апликациите почнувајќи од напролет 2023 година.

Според новиот план, најниската поддржана цена ќе биде 0,29 долари, додека највисоката цена ќе биде 10.000 долари.

Девелоперите ќе добијат и можност да ги дефинираат цените во продавницата за апликации и ќе имаат достапни 45 валути на 175 територии.

Цените на апликациите и претплатите сега ќе може да се зголемат за 0,10 долари за оние што чинат до 10 долари и 0,50 долари за оние меѓу 10 и 50 долари.

Дополнително, девелоперите со апликации со претплата ќе можат да управуваат со валути и даноци/такси низ продавниците и ќе имаат опција да изберат локална продавница за апликации и автоматски да генерираат цени врз основа на земјата и валутата.

За програмерите кои ги дистрибуираат своите апликации ширум светот, глобалната алатка за изедначување на App Store ќе им обезбеди лесен начин за управување со цените на меѓународните пазари.

Друга нова функција ќе биде можноста да се постават цени на апликациите и претплати кои се надвор од стандардот од (на пример) 0,99 долари, што сега може да биде 0,90 или 1,00 долари. Ова ќе овозможи полесно креирање на пакети и годишни планови за претплата.

На почеток