Македонија

Еден загинат во тешка несреќа во Скопје, за малку избегната и втора трагедија

Рано утрово на Булевар Киро Глигоров, во близина на ФОН. Се случија две сообраќајни несреќи.

Едната помеѓу „Фијат Пунто“ со скопски регистерски ознаки и непознто возило кое го напуштило местото на несреќата, во која има и еден загинат.

Другата сообраќајна несреќа, се случила во моментот додека возачот на „Цитроен“ со скопски регистерски ознаки, бил застанат за да укаже помош на претходно случената сообраќајна несреќа, а откако автомобил удрил во мотоциклист кој заради влажноста на коловозот, се лизнува и паѓа под камион, кој со присебноста на возачот, веднаш застанува, со што во втората сообраќајна несреќа нема повредени и загинати, причинета е само материјална штета.

Полиција и јавен обвинител се на терен.

На почеток