Денес максимална температура до 8 степени
Облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините од снег. Кон крајот на денот, особено во западните делови, врнежите наместа ќе бидат пообилни. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од јужен и југоисточен правец, велат од Управата за хидрометеоролошки работи.
Во Скопје облачно, попладне и во текот на ноќта ќе има повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер.
Температурите низ целата земја ќе бидат малку повисоки од вчерашните, но сепак под десет степени. Утринските ќе се движат од -1 на повисоките места и скоро во цела земја. Најтопло ќе биде на југот каде утрринската температури ќе биде околу пет степени.
Во текот на денот нема да има значително затоплување, и температурите ќе се движат од 3 до 8 степени Целзиусови.
Слично време не очекува и утре, кога повторно се најавуваат повремени врнежи од дожд, а на планините од снег. Кон крајот на денот, особено во западните делови, врнежите наместа ќе бидат пообилни. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од јужен и југоисточен правец.
Во Скопје облачно и студено, кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер.