Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Ковачевски и Арсовска се едно исто, тоа само се потврди со блокадите, тие ги предизвикаа, а потоа и ги тргнаа

Ковачевски и Арсовска се едно исто, тоа само се потврди со блокадите, тие ги предизвикаа, а потоа и тргнаа, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Превозниците излегоа и го блокираа градот затоа што Арсовска и Александар Стојковски, директор на ЈСП, кадар на СДС не им ги исплаќаа парите кои им ги должат за извршен транспорт. ЈСП се најде во долгови затоа што претпријатието се користи за матни зделки. Директорот од СДС, назначен од Арсовска потпиша договор за набавка на гориво за 27 милиони евра, без рабат. Само по основ на непресметан рабат, кој до сега се пресметувал претпријатието е оштетено за 1.5 милиони евра“, се истакнува во соопштението.

Овие 1.5 милиони евра, како што додаваат, се сосема доволни за да се реши проблемот со превозниците.
„Ковачевски и Арсовска не го поништуваат договорот за гориво, па нормално е дека ќе мора да најдат пари за да ги исплатат долговите. Скопје е во минус, и затоа Ковачевски мораше да излезе на виделина. Со интервенцијата на Ковачевски се потврди дека тој и Данела Арсовска се едно исто. Со таа разлика што сега коалицијата ја објавија јавно“, се истакнува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

[ad_2]

На почеток