Свет

Голем пожар во Русија

Две лица загинаа во голем пожар во нафтена рафинерија во рускиот град Ангарск во југоисточен Сибир, соопшти Истражниот комитет за регионот Иркутск.

Пет лица се повредени во пожарот, изјави на Телеграм гувернерот на Иркутската област Игор Кобзев, а пренесува ТАС С.

Кобзев додаде дека пожарот зафатил површина од 2.500 метри квадратни на петрохемиската компанија Ангар.

Министерството за вонредни ситуации соопшти дека пожарот е локализиран, а можна причина за инцидентот е загадување со гас на системот за процесна постројка, додава РИА Новости.

На почеток