Магазин

Ангела Агелер со порака од ресторан: Штипска пастрмајлија тукушто доби вистинска конкуренција

Новата амбасадорка на САД, Ангела Агелер, денеска го посети Свети Николе. Таму со донација од САД се отвори нов противпожарен дом. По ова, Агелер слободното време ги посетила и локалните угостителски објекти. Веќе е познато дека таа ја вкуси штипската пастрамајлија. А сега, на штипјани со насмевка им испрати и порака.

„Штипска пастрмајлија тукушто доби вистинска конкуренција во Свети Николе. Каде да одиме понатаму за вкусна пастрмајлија?“, напиша Амбасдата на САД во Македонија, споделувајќи фотографија од амбасадорката.

Веќе по нејзиното доаѓање, познато во јавноста е дека Агелер ги сака македонските специјалитети.

Инаку, ова не е прв ангажман на Агелер во земјава, бидејќи претходно во нејзината дипломатска кариера таа била ангажирана и како претставник за односи со јавноста во Американската амбасада во Скопје.

На почеток