Свет

Најмалку 10 лица загинаа во пожар во Лион

Најмалку 10 лица, меѓу кои пет деца, загинаа откако утринава избувна пожар во станбена зграда во близина на францускиот град Лион.

Локалните власти за регионот Лион-Рона соопштија дека причината за пожарот во комуната Волкс-ан-Велин е непозната и дека околу 170 пожарникари се на терен, пренесува Ројтерс.

Пожарот избувнал во раните утрински часови во седумкатница, а на местото на пожарот бил поставен безбедносен кордон, се додава во соопштението.

На почеток