Актуелно

60 руски проектили откриени на пат кон украинскиот воздушен простор

До 60 руски проектили биле откриени на пат кон украинскиот воздушен простор, објави гувернерот на јужниот украински регион Николаев, Виталиј Ким.

„Дел од нив е веќе над северна Украина“, објави Ким на својот канал Телеграм.

Во голем број региони на Украина утрово се огласија сирени за воздушна опасност. Воздушна опасност е најавена во регионите Киев, Миколаев, Житомир, како и во западните делови на Украина, пренесува Униан.

Властите ги повикаа граѓаните да не ги игнорираат предупредувањата, велејќи дека Русија лансира ракети од стратешки авиони.

На почеток