Коментари

Коментар на денот за одлуката за Мијалков: Да беа аболицирани, барем немаше да имаат можност да бараат оштета од државата која ја опљачкаа

Доктор Нико Беќаровски на социјалните мрежи објави статус преку кој му се извини на полранешниот претседател Ѓорѓе Иванов кој ја повлече одлуката за аболицирање на како што вели сите крупни политички апаши.

„Длабоко извинување до поранешниот Претседател на Република Македонија господинот Ѓорѓе Иванов, кој ги АБОЛИЦИРАШЕ сите крупни политички апаши, а НИЕ го натеравме да ја повлече одлуката.
Денес барем ќе беа АБОЛИЦИРАНИ, а не СУДСКИ ОСЛОБОДЕНИ, со можност да бараат и финансиска оштета од државата која безмилосно ја опљачкаа.

Денеска апелација ја укина пресудата за „Таргет-тврдина“, случајот за масовното прислушкување во Македонија. Со ова, предметот се враќа на повторно судење, а ослободени од вина се ексдиректорот на УБК и првоосомничен Сашо Мијалков кој доби 12 години, ексминистерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска осудена на четири години, началник на Петтата управа на МВР, Горан Грујевски кој е во бегство и осуден на 15 години, како и Никола Бошкоски кој исто така е во бегство му е изречена 15-годишна затворска казна.

На почеток