Свет

Две момчиња загинаа во пукање пред училиште во Чикаго

Двајца ученици се убиени, а уште две деца се ранети во пукање во близина на средно училиште во Чикаго, соопшти полицијата.

Четири 16-годишни момчиња беа застрелани во петокот попладне во близина на средното училиште Бенито Хуарез, а началникот на полицијата во Чикаго Дејвид Браун потврди дека две од момчињата им подлегнале на повредите, пренесува АП.

Портпаролот на полицијата соопшти дека пукањето се случило пред училиштето, нешто пред 15 часот во петокот, кога бил пријавен инцидентот.

Соопштено е дека четири деца биле пренесени во болница, каде едното момче било констатирано починато по пристигнувањето, додека другото момче било во критична состојба и подоцна им подлегнало на повредите.

Други двајца тинејџери, момче и девојче, се здобиле со повреди кои не се опасни по живот, изјави портпаролот на полицијата.

Соопштено е и дека истрагата е во тек и дека во соработка со училишните власти се собираат информации за сите детали од овој инцидент, наведува американската агенција.

На почеток