Напаѓачот на Пол Пелоси имал планови да го нападне Том Хенкс и други познати личности


Мажот обвинет за нападот на Пол Пелоси, сопругата на претседателката на Претставничкиот дом Ненси Пелоси, имал планови да ги нападне Хантер Бајден, гувернерот на Калифорнија, Гевин Њусом и актерот Том Хенкс, според полицаецот кој разговарал со напаѓачот, пренесоа американските медиуми.
Полицајката Карла Харли, пред судот изјави дека напаѓачот на сопругот на Пелоси, Дејвид ДеПејп, ѝ открил список на неговите цели за време на едночасовното интервју во болница, веднаш по нападот во октомври, пренесува NBC.
Во претходното судско поднесување се вели дека Де Папе како други цели именувал неколку истакнати државни и федерални политичари, нивни роднини и локален професор, но не идентификувал ниту еден од нив.
Полицајката тврди дека Де Папе спомнал теории на заговор кои го поттикнале да нападне. Тој е обвинет за обид за киднапирање и напад, според федералните обвиненија. Тој, исто така, се соочува со голем број државни обвиненија, вклучувајќи обид за убиство, кражба на живеалиште, напад со смртоносно оружје, закани против јавен службеник и нивното семејство. Де Папе се изјасни за невин.
Една од неговите цели беше Њусом, демократ и гувернер на Калифорнија почнувајќи од 2019 година. Друга цел му беше синот на Бајен, Хантер.
Бајден беше политичка цел во последниве години, особено откако Њујорк пост објави во октомври 2020 година дека има инкриминирачка е-пошта меѓу синот на претседателот Хантер и украински бизнисмен.
Во меѓувреме, актерот Том Хенкс го поддржа Џозеф Бајден и се појави покрај него на масовниот собир на средства во 2020 година.
Де Папе ќе биде изведен пред суд на 28 декември.
