Актуелно

Барикадите на северот на Косово влегоа во седми ден

Србите на северот на Косово и Метохија седми ден се на барикадите поради апсењето на нивните сонародници и испраќањето на специјалните единици на косовската полиција на северот на Косово и Метохија.

Србите се уште повознемирени по веста дека синоќа е уапсен уште еден поранешен припадник на косовската полиција Слаѓан Трајковиќ, јавува репортерот на ТВ Прва.

Србите синоќа ја минаа под шатори, но велат дека нема да се откажат од мирните протести.

На почеток