Половина Киев без греење, третина без струја
Од
Објавено на
Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко утрово соопшти дека по вчерашните ракетни напади сите граѓани на главниот град на Украина имаат вода, дека половина град има греење, а две третини имаат струја.
Кличко на Телеграм напиша дека властите работат на тоа сите жители на Киев да добијат греење.
Вчера по ракетниот напад на руските сили и метрото во Киев прекина со работа.
„Утринава во 7:30 часот, метрото во Киев продолжува со работа“, напиша градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко на Телеграм.
Метро станиците вчера служеа како засолништа.