Македонија

Не лејте крокодилски солзи за ослободувањето на Мијалков, да почнеме со реформите во судството, вели Рашиди

Вчерашниот скандалозен случај со ослободувањето на Сашо Мијалков од казната затвор од 12 години не може да се помине само со изјави и оградување. Реакциите на некои владини претставници кои леат крокодилски солзи за инсталиран систем кој им простува на криминалците се само обид да се збунат и измамат граѓаните, вели Сурија Рашиди, пратеник на Алијанса за Албанците.

„Наместо декларативни реакции, институциите под итно треба да ги најдат виновниците за овој скандал. Тие мора да се бараат меѓу судиите од Кривичниот суд кои јасно се гледа дека намерно направиле процесни пропусти, за да се создаде ситуација Апелација да ја укине одлуката. Виновниците треба да се бараат во местењето на судските совети, каде што се забележува дека по секое „ослободување“ или одлука за укинување на казните секогаш се појавуваат исти судии.

Ова е првиот и најитен чекор што мора да се преземе, за да се спречи можноста тие да создаваат слични ситуации во иднина.

После ова мораме сите да пристапиме кон суштинска реформа на правосудниот систем, за да се стави крај на амнестирањето на криминалците, неправедното казнување на невините граѓани и монтираните случаи кои за жал ги претрпеа голем број граѓани воопшто и Албанците особено“, додава тој.

На почеток