Македонија

ФОТО: Таравари ги глуми Меси и Роналдо во луксузно уредениот дом

Луксузниот бренд Луј Витон неодамна ги принуди двајца од најголемите фудбалски ривали Лионел Меси и Кристијано Роналдо да соработуваат надвор од теренот.

Фотографијата на која фудбалерите заедно играат шах, за кратко време стана хит на интернет.

Денес на социјалните мрежи градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари објави слична фотографија, на која е заедно со неговиот син Арби Таравари игра шах.

На истата може да се забележат скапите лустери со кристали, рачно изработените дела на ѕидовите, како и фотелјите кои оставаат впечаток дека се скап мебел.

На почеток