(ВИДЕО) Драма на небото, над 30 тешко повредени патници
Повеќе од 30 лица се повредени, од кои 11 потешко, кога авионот кој летал за Хонолулу, во американската држава Хаваи, влегол во големи турбуленции.
„Летот HA35 влезе во област со силни турбуленции и безбедно слета во Хонолулу во 10:50 часот“, се вели во соопштението на „Hawaii Airlines“ објавено на Твитер.
Повеќе од 30 лица се повредени, од кои 11 потешко, кога авионот кој летал за Хонолулу, во американската држава Хаваи, влегол во големи турбуленции, јавуваат локалните медиуми.
Итните служби во неделата лекувале 36 пациенти со различни повреди, од кои 11 се префрлени во локалните болници во тешка состојба, објавија локалните весници, пренесува Ројтерс.
Портпаролот на авиокомпанијата додаде дека авионот Ербас А330 превезувал 278 патници и 10 членови на екипажот и влегол во зоната на турбуленции додека се приближувал до островите.
מטוס A330, טיסה #HA35 של Hawaiian Airlines , Phoenix to Honolulu, נקלעה למערבולות חמורות. כוחות חירום טיפלו ב 36 נפגעים, 11 אנשים פונו לבתי חולים במצב קשה.
עוד 9 במצב יציב עם פציעות ראש חמורות, חתכים, חבלות ואובדן הכרה. pic.twitter.com/Zz1fEAkezq— Eli Zusman (@muki46) December 19, 2022