Македонија

Од март 2023 година зголемување на минималната плата

Вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи на гостувањето во „Клан ТВ“ кажа дека од март 2023 година Владата ја зголемува минималната плата на 19.600 денари.

Битиќи вели дека намерата на Владата е да може двајца членови на семејство да ја покријат потрошувачката кошничка за еден месец.

– Во март минималната плата ќе стане 19.600 денари, па така двајца членови на семејство ќе може да ја покријат потрошувачката кошничка и да остане нешто, вели Битиќи.

На почеток