Свет

„Нема Нова – уште ни должите за старата“, студентите во Србија на протест и за Новогодишната ноќ

Студентите во Србија не се откажуваат од протести и за празниците. Тие најавија голем протест за 31 декември.

Протестот велат е натпартиска, студентска иницијатива.

Со слоганот „Нема Нова – уште ни должите за старата“, собирот на граѓаните започнува во Пионирскиот парк од 22:30 до 23 часот.

Од 23 часот започнува прошетката од Пионирскиот парк до Студентскиот плоштад со запалени светилки.

Самиот дочек на Нова година ќе биде исклучиво во тишина бидејќи, како што нагласија студентите, во 23 часот и 52 минути ќе започне 15-минутниот молк во чест на 15-те жртви од трагедијата на 1 ноември во Нови Сад, кога дојде до рушење на настрешницата.

„Тогаш, кога целиот свет ќе слави, мора да покажеме дека нема причина за славење во оваа земја, не пред правдата“, велат студентите.

На почеток