Ангеловски: ФФМ се претвори во туристичка агенција, авионот го наполнија со – ноу-нејм имиња, а ние ги плаќавме сметките за сместување на нашите семејства
Човекот кој ја однесе Македонија на едно Европско првенство Игор Ангеловски, во интервју за 24 фудбал вели дека за разлика од хрватската репрезентација, ФФМ не е ни близу со работата, со залутани фотелјаши кои низ годиниве покажуваат дека личниот интерес е поважен од мотото на ФФМ – фудбалот на прво место.
„ФФМ се претвори во туристичка агенција. Се закажува меч со Саудиска Арабија, затворен, со 11 измени, се руши сè што е градено, ама ним поважно им е да прошетаат до Дубаи, да го наполнат авионот со личности кои не можат ни сметките за патувањето да ги покажат…
Хрватска покажа како ги почитува своите величини за разлика од нас. Замислете на прошталниот меч на Горан Пандев во Амстердам, не најдоа за сходно да ги повикаат семејствата на фудбалерите, а посебно семејството на Горан и неговите деца зашто тоа беше негов последен меч.
Ама важно авионот го наполнија со – ноу-нејм имиња. Уште и лажеа дека во Букурешт (првите мечеви на Еуро 2020 – н.з.) биле платени сместувањата за нашите семејства, ама ние ги имаме сметките, сите фудбалери ги имаат сметките дека сами си ги покривме трошоците за сместувањето на нашите семејства. За разлика од разно-разните гости кои беа на трошок на федерацијата и сега не може ни да ги најдат и да ги покажат тие сметки“, вели Ангеловски.
Целото интервју можате да го прочитете тука