Актуелно

Адвокат сака да ја купи проѕирната наметка на Меси

Адвокат од Оман е подготвен да одвои милион евра за проѕирната традиционална арапска наметка, онаа во која најдобриот фудбалер на последното Светско првенство, Лионел Меси, го крена пехарот на светскиот шампион Аргентина.

„До мојот пријател Меси, честитки за победата. Ти нудам милион евра за наметката“, напиша Ахмед Ал Барвани на својот Твитер профил.

Како што нагласи адвокатот во изјава за оманските медиуми, биштата, која вообичаено ја носат само членовите на кралското семејство, заслужува посебно место во историјата на арапскиот свет.

„Оваа наметка претставува момент на гордост. Тоа може да ни помогне да го оживееме сеќавањето на тој необичен момент кога го кренавте пехарот на светскиот шампион и може да не потсети дека многу може да се постигне ако се има волја“, рече Ал Барвани.

Тој во живо го следеше финалето на Светското првенство на стадионот. во Катар.

На почеток