Коментари

„Ова не посакувам никому да му се случи“, скопјанец раскажа за својата голгота со Водовод

Скопјанец поминал низ вистинска голгота откако пукнала цевка во шахта, по што било констатирано дека се потрошени 2500 кубици вода, а тој треба да плати 66,964 денари.

„Ова не посакувам никому да му се случи.

Јас сум лојален граѓанин на оваа држава. Сметките за струја, вода, парно ги плаќам редовно и максимално се трудам да не задоцнам со некоја сметка, затоа што каматите и тужбените решанија се страшни. Еве што ми се случи со јавното претпријатие #Водоводиканализација Скопје.

На 9 месец 2016 година добив фактура за потрошени 2500 кубици вода и сума од 66, 964,00 денари. Шок?! Од претходниот месец фактурата, платена и немав никаков долг. Во тој период не бев во Скопје. Ми се јави снаа ми и ми рече дека во шахтата, после водомерот пукнала цевка и викнала приватно мајстор кој го отстранил дефектот. Нормално пријавила и во водовод. После ДВА месеци, значи не по два дена, по два месеци дошла екипа од водовод и ја констатирала состојбата. Потрошени се 2500 кубици вода.

Никако не ми беше јасно, ако претходниот месец сметката е платена, и не должам ништо, како можат да истечат 2500 кубика вода, а никој да не забележи. 2500 кубици вода се дваесет и пет фудбалски игралишта претворени во базени со длабочина од еден метар. Со таква количина на вода би се поплавил половина град. А никој не забележал?!

Нормално поднесов жалба до правната служба на јавното претпријатие и нормално тие ме одбија. Инкасаторот за нашиот реон, нормално партиски војник, млад дечко, чија работа и за што прима плата е да ги контролира водомерите, облечен во одело со бела кошула и вратоврска, повеќе вршеше партиска пропаганда, отколку да се пикне во чахтата. Прво се правдаше дека водомерот не бил пристапен и затоа не можел да прочита, а шахтата во двор. Потоа ме советуваше да го кренам капакот кој има 18 кила, а јас опериран со четири бај паса, да влезам во шахтата, да го сликам водомерот и да му го пратам. И уште ме советуваше дека може да ми среди сумата ја платам на рати.

Водовод ме тужеше, ангажирав адвокат и на првото рочиште судиката пресуди во наша полза. Ги прифти нашите аргументи дека повеќе од три година водомерот не е читан, а имаат обврска барем еднаш во годината да го прочитаат, и дека е невозможно да истечат 2500 кубици вода, а никој да не забележи.

Правникот на водовод се жалел на Апелација (чувената Апелација) и таму судиите пресудиле во крист на водовод. Мене воопшто не ме ни повикаа, барем како сведок, а и адвокатот ми кажа пднапред дека Апелација секогаш одлучува во полза на јавните претпријатија. Не прифатиле ниту еден од нашите докази дека три години не го читале водомерот и дека никој не приметил кога истекле 2500, туку бројките на водомерот за нив се единствен валиден документ.

Решението од апелација е донесено на 7 10 2020 година. Решението го добив многу, многу подоцна, со пресметани трошоци за судот, затезна камата и трошоци на нотарот Ана Брашнарска.

Во консултација со адвокатот отидов во водовод и таму на шалтерот ми рекоа дека има некаков грејс период ако го платам главниот долг не се плаќа камата и трае уште два дена, но треба да се договорам со правникот кој го води случајот. Нормално, правникот не беше таму, бил на суде ње, да дојдам следниот ден. И следниот ден правникот не беше во зградата на водовод. На 27 4 2021 година во комерцијална банка го платив главниот дол од 66 946 и мислев дека со тоа се раздолжив.

На 19 12 2022 како именденска честитка, од извршителот Игор Антевски добив налог за извршување за вкупна наплата по сите основи, камата, трошоци на судот, нотарот, извршителот од 52,926 денари, кои ќе се одземат во висина од 1/3 од мојата пензија, до исплаќање на комплетната сума. Нормално и на ова ќе има затезна камата додека не се исплати долгот.

Значи за нешто, за што немам никаква вина треба да платам 119, 890 денари, само затоа што јавното претпријатие „ Водовод и канализација“ не си ја врши реботата за која што секој месец со години плаќам сметки.
И уште една работа и откако започна процесот по судови, се уште плаќам паушални сметки, ниту еден инкасатор не се сикнал во шахтата да ја прочита состојбата на водомерот.

До следното изненадување
Коле Ангеловски“, вели тој.

На почеток